Преспојник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кабел од категорија 6 со конектори 8P8C, ожичен T568B-T568B.

Преспојник, преспоен кабел или печкорд (англ. patch cord, patch cable) е електричен или оптички кабел кој се користи за меѓусебно поврзување на електронски или оптички уреди за рутирање на сигналите. Преспојниците вообичаено се изработуваат во многу различни бои за да може лесно да се разликуваат и истите се релативно кратки.

Преспојник од категорија 5

Преспојниците може да бидат со должина од неколку сантиметри за поврзување на компоненти или за рутирање на сигнали преку преспоен панел, па до неколку метри за поврзување на уреди сместени во различни ормани.

Преспојниците може да бидат:

  • Едножични кои се користат, на пример, за банана конектори
  • Коаксијални кабли кои се користат, на пример, за BNC конектори
  • Оклопени или неоклопени кабли од категорија 5, 5е, 6, или 6А кои користат 8P8C (RJ-45) модуларни конектори со прави T568A или T568B ожичувања. Модуларните кабли со ожичување T568A на едниот крај и T568B на другиот познати се како вркстени кабли.
  • оптички кабли
  • Оклопени или неоклопени Cat5, Cat5e, Cat6 или Cat6A кабли кои користат 8P8C (RJ-45) модуларни конектори со прави ожичувања T568A или T568B. Модуларните кабли со ожичување T568A на едниот крај и T568B на другиот познати се како вркстени кабли.
  • Оптички кабли

Преспојниците секогаш имаат конектори на двата краја. Пигтејлот (англ. pigtail, свинско опавче) е сличен со преспојникот и тоа е неформално име за кабел опремен со конектор на едниот крај и голи жици (или гола оптика) на другиот.

Оптички дуплекс преспојник

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]