Прекубројната

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Прекубројната“ (српски: Прекобројна) — српски филм од 1962 година, во режија на Бранко Бауер. Главните улоги ги играат: Љубиша Самарџиќ, Милена Дравиќ, Борис Дворник, Драгомир Фелба, Миодраг Поповиќ Деба.[1] На филмскиот фестивал во Пули, филмот ја освоил третата награда за најдобар филм, а Милена Дравиќ ја добила Златната арена за најдобра женска улога.[2][3] [4]

Содржина[уреди | уреди извор]

За да биде што поблизу до студентката Нада, Микаило ги напушта селската бригада и Малена, девојката која, како прекубројна, заминала по него на работната акција. Бес успех во додворувањето, кое предизвикува општ потсмев, Микаило се враќа во својата бригада каде во меѓувреме Малена го завршила кројачкиот курс. Откако ќе ја заврши обуката за тракторист, Микаило се враќа во своето село, а таму го чека Малена.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Прекобројна (пристапено на 9.2.2023)
  2. Prekobrojna (filmski-programi.hr), Пристапено 24. 4. 2013.
  3. „Топ листа: најбоље улоге Милене Дравић“. Beforeafter. Посетено на 23. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  4. „PREKOBROJNA“. Pula film festival. Архивирано од изворникот на 30. 01. 2021. Посетено на 25. 1. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)