Презентациско ниво

Од Википедија — слободната енциклопедија
OSI модел
7 Апликациско ниво
6 Презентациско ниво
5 Ниво на сесија
4 Транспортно ниво
3 Мрежно ниво
2 Ниво на податоци
1 Физичко ниво

Презентациското ниво се наоѓа на шестото ниво од седумслојниот OSI модел на компјутерските мрежи. Служи како преведувач на податоците за мрежата, и понекогаш се нарекува и синтаксички слој.

Опис[уреди | уреди извор]

Презентациското ниво е одговорно форматирање на информациите и нивна испорака до апликациското ниво за понатамошна доработка.Ова ја олеснува работата на апликациското ниво кога се во прашање семантичките разлики во репрезентацијата на податоците во рамките на крајните кориснички системи. Пример за оваа услуга би бил претворање од EBCDIC- кодиран текст, во ASCII – кодиран податотека. Презентациското ниво е најниското ниво каде што апликациските програмери користат податочна структура наместо едноствано испраќање на податоци во форма на датаграми или размена на пакети помеѓу домаќини. Ова ниво се справува со различни типови на стринг репрезентации, во зависност дали се користи Pascal метод (поле со целобројна должина ) или C++ метод (стрингови кои завршуваат со null). Главната цел е дека апликациското ниво треба да биде во можност да ги посочи податоците коитреба да бидат преместени, а со остатокот ќе се погрижи презентацискиот слој.

Серилизацијата на комплексните податочни структури во flat-byte стрингови(користејќи механизми како TLV или XML) може да се сметаат како клучна функционалност на презентацското ниво.

Енкрипцијата на податоците најчесто се прави на ова ниво, иако може да биде извршена и на апликациското, сесиското, транспортното и мрежното ниво, од кои секоја има свои предности и недостатоци. Декрипцијата исто така се извршува на ова ниво, на пример при логирање на сајтови за проверка на банкарски сметки, презентациското ниво ги декриптира податоците во редоследот по кој примени. Друг пример претставува структурата која нормално е стандардизирана на ова ниво, притоа употребувајќи XML. Во повеќе широко распространети апликации и протоколи не се прави разлика помеѓу презентацискиот и апликацискиот слој. На пример хајпертекст трансфер протокол от(HTTP), генерално се смета како протокол од апликациското ниво ,има аспекти од презентациското ниво како способноста да идентификува кодирани карактери за соодветна комуникација која се извршува на апликациското ниво. Во рамките на семантиката на услугите на слоевите на ОСИ мрежната архитектура , презентацискиот слој одовара на барањата од апликациското и ги испраќа грешките до сесиското ниво.

Во ОСИ моделот презентациското ниво треба да се погрижи информацијата што апликациското ниво на системот ја испраќа, би можела да се прочита на апликациското ниво на друг систем. На пример, компјутерска програма комуницира со друг компјутер, едниот користи EBCDIC кодирани податоци , другиот ASCII за претставување на истите карактери. Ако е потребно,презентациското ниво може да биде во можност да преведе повеќе податочни формати во заеднички формат.

Сервиси[уреди | уреди извор]

Подслоеви[уреди | уреди извор]

Презентацискиот слој може да биде составен од два подслоеви : Заеднички апликациски елемент (CASE) и специфичен апликациски елемент (SASE) [

CASE[уреди | уреди извор]

Заедничкиот апликациски ечементен подслoј обезбедува услуги за аплицаскиското ниво и барања од сесиското ниво. Обезбедува поддршка за заеднички апликациски сервиси како што се :

  • ACSE (Association Control Service Element)[2]
  • ROSE (Remote Operation Service Element)
  • CCR (Commitment Concurrency and Recovery)
  • RTSE (Reliable Transfer Service Element)

SASE[уреди | уреди извор]

Конкретниот апликациски подслој кој обезбедува апликациски услужни протоколи како што се:

  • FTAM (File Transfer, Access and Manager)
  • VT (Virtual Terminal)
  • MOTIS (Message Oriented Text Interchange Standard)
  • CMIP (Common Management Information Protocol)
  • JTM (Job Transfer and Manipulation) a former OSI standard Архивирано на 20 февруари 2020 г.
  • MMS (Manufacturing Messaging Service)
  • RDA (Remote Database Access)
  • DTP (Distributed Transaction Processing)

Протоколи[уреди | уреди извор]

Други протоколи кои понекогаш сметаме дека се дел од ова ниво вклучуваат:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Microsoft Technet.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Hura.