Прејди на содржината

Предмет (граматика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Видови предмети во македонскиот јазик.

Предметот е еден од деловите на реченицата и често составен дел од прирокот. Предметот означува дека некој и нешто е инволвиран во дејството на глаголот од подметот. Со други зборови, предметот означува на кого и на што дејствува глаголот.Како пример е земена реченицата

„Марко јаде јаболко“.

Во овој пример, Марко“ е подмет или вршител на дејството, „јаде“ е глаголот или прирокот, а „јаболко“ е предметот. Самиот глагол во една реченица може да одреди дали е потребно да се искористи предмет или не. Оваа појава се нарекува валентност. Еве примери кои ви помогнале: 1.Таа игра кошарка.-кошарка-Директен предмет 2.Ана пишува состав.-состав-Директен предмет 3.Бојан јаде торта.-торта-Директен предмет 4.Им реков на пријателите.-на пријателите-Индиректен предмет со прашањето(НА КОГО?) 5.Му подарив подарок него.-него-Индиректен предмет со прашањето(НА КОГО?) 6.Јас пишувам со пенкало.-со пенкало-Предлошки предмет со прашањетО(СО ШТО?)

Видови предмети

[уреди | уреди извор]

Постојат следниве главни видови предмети:

  • директен предмет
„Даниел изел круша“. - „круша“ е директен предмет и одговара на прашањето „што“?
  • индиректен предмет
„Даниел му пратил нему една разгледница“. - „нему“ е индиректен предмет и одговара на прашањето „кому“, „на кому“, „(на) што“?

Покрај овие стандардни два вида предмети, постојат и:

  • адпозиционален предмет
  • предлошки предмет
  • обликативен предмет

Предметот може да има каква било форма, но зачестени форми на предметот се:

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]