Предлошка:Стопанството во Швајцарија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Швајцарското стопанство најмногу се базира на услужните дејности,од кои најмногу се застапени банкарството,туризмот и трговијата,а во помал дел и индустријата.Се одсликува со висок степен на производство како и со стабилна валута,каде што швајцарскиот франк има исклучително висока вредност на сите светски берзи на пари и стоки.Со оглед на скромните призводи,Швајцарија е главно ориентирана на увоз на најразлични суровини од една и на извоз на голем број индустриски производи од друга страна.Трговијата е најмногу ориентирана кон соседните држави,членки на Европската Унија.