Пост-рестант
Пост-рестант — писмо или друга поштенска пратка што не се доставува до примачот и стои во пошта сѐ дури примачот лично не ја подигне.[1]
Услугата се користи во ситуации кога корисникот сака пратката да ја подигне во поштата, заобиколувајќи ја испораката до домашната адреса на примачот.
Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија, при адресирање на пратката наместо адресата се пишува „Пост-рестант“, под целосното име на примачот прикажано на документот за идентификација. Неопходно е да се користи точниот број на поштата каде што се сака лично да се подигне пратката.
Име и презиме
ПОСТ-РЕСТАНТ
12345 Град
Услугата не е достапна во сите пошти во Македонија, туку само во поголемите. Доколку поштата ја има оваа опција, пратката ќе биде задржана за примачот до 30 дена.
Како пост-рестант не може да се предаде итна пратка[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „пост-рестант“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Живаљевиќ, Весна. Технологија на поштенскиот сообраќај (учебник за II година) (PDF). стр. 28. ISBN 978-608-226-163-8. Укажано повеќе од еден
|pages=
и|page=
(help)