Посејдон (филм од 2006)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Посејдон (англиски: Poseidon) е американски филм од 2006 година, во режија на Волфганг Петерсен. Главните улоги ги играат: Курт Расел, Ричард Драјфус, Џош Лукас и Еми Сосам. Филмот, кој претставува трета адаптација на романотАвантурата на Посејдон“, бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти.

Содржина[уреди | уреди извор]

Огромниот брод „Посејдон“, со 2.000 патници, е на крстарење низ Атлантскиот Океан. Додека патниците ја слават Нова Година, бродот удира во подводна карпа. Капетанот наредува сиет да чекаат помош, но коцкарот Дилан одлучува самостојно да си ја испроба среќата. Во неговата борба му се придружуваат еден очаен татко, кој ги бара ќерката и нејзиниот свршеник, една самохрана мајка, со нејзиниот интелигентен син, една слепа патничка и еден малодушен човек, кој страда од депресија и кој планирал да се самоубие, но сега сака да остане жив.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бродолом среде новогодишната ноќ“, Антена, број 869, 20.2.2015, стр, 3.