Портокалово-жолта дебелоглавка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Портокалово-жолта дебелоглавка
Thymelicus.sylvestris.2714.jpg
Женка
Долен дел
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Hesperiidae
Род: Thymelicus
Вид: T. sylvestris
Биномен назив
Thymelicus sylvestris
(Poda, 1761)

Портокалово-жолтата дебеллоглавка (Thymelicus sylvestris) е пеперутка од семејството на пеперутки Дебелоглавки. Пеперутката ја има и во Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Пеперутката е портокалова и жолтеникава по боја. Под телото е сребреносто бела и има распон на крилјата од 25 до 30 мм. Оваа пеперутка е слична со Европската дебелоглавка. Кај оваа пеперутка долниот дел на антените се жолтеникаво-портокалови. Мажјакот има изразена црна лента.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Пеперутката се наоѓа во скоро цела Европа, Северна Африка и Блиски Исток. Најчесто се среќава кај висикорасна трева.

Животен циклус[уреди | уреди извор]

Јајцата се полагаат на растенијата од јули до август. Гасениците ја јадат својата јајцева кора. На пролет започниваат со активно хранење. Претпочитаат Holcus lanatus, но и Phleum pratense, Holcus mollis, Brachypodium sylvaticum, Alopecurus pratensis и Dactylis glomerata. Возрасните единки летаат во јуни, една недела пред Европската дебелоглавка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Jim Asher et al. The Millennium Atlas of Butterflies of Britain and Ireland Oxford University Press

Надворешни врски[уреди | уреди извор]