Портал:Шах/Избрана статија/2010/декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
abcdefgh
8
h8 бел дама
d7 бел дама
a6 бел дама
c5 бел дама
f4 бел дама
b3 бел дама
g2 бел дама
e1 бел дама
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Едно од можните решенија на проблемот

Проблемот со осум дами е шаховско-математичка загатка, која се состои во поставување на осум дами на една шаховска табла, така што ниту една од дамите да не биде нападната и да не напаѓа друга дама според шаховските правила. Бојата на фигурите е безначајна и се претпоставува дека сите фигури меѓусебно се противници. Со други зборови, со проблемот се бара да нема две или повеќе дами по ист ред, линија или дијагонала на шаховската табла.

Проблемот може да се постави на шаховска табла со која било големина, па така n дами треба да се постават на табла со димензии n×n. На вообичаена шаховска табла, каде што n=8, проблемот има 92 различни решенија. Доколку се анемарат решенијата кои се разликуваат само со пресликување и ротација, остануваат само 12 решенија. Прочитајте повеќе