Портал:Шах/Избрана статија/Средишница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Средишницашаховски поим кој се однесува на фазата во партијата, која настнаува веднаш по отворањето и од која настанува последната фаза во партијата, завршницата. Трансформацијата во завршница, обично настанува по размена на дамите, иако доколку на таблата останат некои фигури, може и понатаму да се зборува за средишница и покрај отсуството на дамите. Средишницата може да трае голем број на потези, но понекогаш, таа трае само неколку, односно од отворањето се преминува директно на завршницата (ова обично е случај доколку дојде до масовна размена на фигжурите).

Средишницата се одликува со тоа што, во неа, противниците се обидуваат да ја засилат својата позиција, притоа обидувајќи се да ја ослабнат позиција на противникот. Оваа фаза се одликува со позиционирање на фигутите на полиња, од кои би можеле да бидат корисни во организирањето на понатамошните напади или одбрани. Прочитајте повеќе