Портал:Филозофија/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Философија е грчки збор (φιλοσοφία) и значи „љубов кон мудроста“ (фило - љубов и софија - мудрост). Прашањето „Што е философија?“ е самото по себе философско прашање. Ова укажува на природата на философијата. Тематиката на философијата е општа и истата е единствената дисциплина која воедно се занимава и со самата себе. Накратко, философијата може да се рече дека е збир на фундаментални прашања за универзумот.

Некои традиции ја гледаат философијата како студија за уметноста и науката на животот: како генерална теорија, но и како советник за животот. Според овој став, философијата се занимава со одговарање на прашањето како да се живее, наместо како да се сфати човековото опкружување.

По аналитичката традиција, философијата е креативна наука. По други традиции пак, философијата е градиво кое треба да се совлада. Сепак, во ниеден случај философијата не е догма и не треба да се поистоветува со такви учења.

Прочитајте повеќе...