Портал:Право/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Code-de-Hammurabi-1.jpg

Хамурабиевиот законик (создаден ~ 1760 п.н.е.) е еден од првите збирки закони (законици или кодекси) и најдобро зачуваниот пример на овој вид на документ од Месопотамија. Создател на законикот е Хамураби. Претходни збирки на закони се Законикот на Ур-Наму, крал на Ур (~ 2050 п.н.е.), Законикот на Ешуна (~ 1930 п.н.е.) и Законикот на Липит-Иштар од Исин (~ 1870 п.н.е.).

Законикот набројува кривични дела и ним соодветните казни, како и решенија за чести спорови и водич за поведение на граѓаните. Во законикот нема место за објаснувања и опрадвувања, но, се разбира, дава можност за изложување на докази. За опсежен преглед, видете Вавилонско право.

Законикот стоел јавно, на очиглед на секој; така, никој не можел да се оправдува дека не го познавал законот. Меѓутоа стручњаците претпоставуваат дека во тоа време ретко кој обичен граѓанин знаел да чита. Прочитајте повеќе