Портал:Археологија/Камено доба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилендорфска Венера — една од напознатите фигурини од палеолитот.

Палеолит, е термин со кој Л. Лубок во 1865 година ја означил најстарата и најдолга предисториска епоха. Материјалната култура на овој период ја оствариле мали човечки заедници (едно или неколку семејства), чиj опстанок се базирал на ловечко - собирачки начин на живеење. Подвижноста на ваквите заедници била ускладена со годишните времиња, користењето на природните ресурси, или помалку или повеќе широкиот спектар на растителни или животински видови на одредена територија. Поради тоа археолошката документација за палеолитските заедници се однесува на трагите кои тие ги оставиле зад себе во Пештерапештерите, поткарпите, или на отворен простор (огништа, орудија, коски од уловените животни). Прочитајте повеќе