Портална вена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Портална вена настанува со спојување на: горната и долната мезентерична вена и слезинската вена. Оваа вена ја собира венската крв од цревата, желудникот и слезината. Порталната вена влегува во црниот дроб, а потоа венската крв преку хепарните вени се блива во долната шуплива вена.

Клиничко значење[уреди | уреди извор]

Зголемениот крвен притисок во порталната вена, наречен портална хипертензија, е главна компликација на хепатална болест, најчесто на цироза.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dooley, James; Sherlock, Sheila (2002). Diseases of the liver and biliary system. Oxford: Blackwell Science. ISBN 0-632-05582-0.