Прејди на содржината

Помош:Книги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Не ви е јасна алатката за книги? Дознајте како да направите книга од овој видеоводич!


Постапен водич

На оваа страница е објаснето како да направите книга од статии на Википедија во четири прости чекори. На располагање ви се форматите PDF и OpenDocument, а можете и да порачате печатење на книгата од порталот на PediaPress. Книгите може да се создаваат и со уредување.

Чекор 1: Вклучете ја алатката „Книговезница“

  • Најптво стиснете на врската „Направи книга“ во левиот крај. (Можеби пред тоа ќе треба да го отворите полето со „Печати/извези“.
  • Стиснете на зеленото копче за да ја пуштите книговезницата.

Чекор 2: Соберете статии

  • Отсега, алатникот ќе ви се прикажува на врвот на секоја статија на Википедија. За да ја ставите тековната страница во книгата, стиснете на „Додај ја страницава во книгата“.

Ако отворите категорија, врската ќе се смени во „Додај ја категоријава во книгата“. Со оваа можност ги додавате сите статии сместени во категоријата.

Откако ќе изберете неколку статии, можете да стиснете на „Предложи страници“ и ќе ву се прикаже список од статии поврзани со она што сте го избрале. Ова ви помага да направите поопфатна книга доколку снемате идеи, или пак кога сакате да проверите да не сте изоставиле нешто.

  • Не мора да ја отворате секоја страница што сакате да ја додадете во книгата. Едноставно одете со глушецот врз врска, почекајте некој миг, и стиснете на „Додај ја сврзаната вики-страница во книгата“ во жолтото поле што ќе ви се појави.

Чекор 3: Прегледајте ја книгата

  • Штом утврдите дека сте задоволни со собраните статии, стиснете на „Прикажи ја книгата“ за да ја доуредите. Можете да ѝ ставите наслов и поднаслов, да го смените редоследот на статиите, да отстранува статии и да додавате глави за да создадете смисловни целини во книгата.

Чекор 4: Преземете ја книгата или порачајте печатење

  • Книгата може да ја извезете во форматите PDF, OpenDocument или openZIM (за Kiwix). Само изберете го саканиот формат и стиснете на копчето „Преземи“.
  • За да порачате да ви ја испечатат книгата, стиснете на „Прегледај со PediaPress“. Повеќе информации за печатените книги ќе најдете на страницата за ЧПП.


Зачувување и споделување

За да ја зачувате книгата, мора да сте регистриран корисник. Покрај ова, сметата мора да ви е автопотврдена (што значи да е направена пред барем 4 дена и да има 10 уредувања). Потоа можете да ја зачувате книгата на страницата „Книга“, до која се доаѓа преку врската „Прикажи ја книгата“ во менито лево или во алатникот.

Во делот „Зачувај и сподели ја книгата“ треба да одберете дали сакате да ја зачувате книгата

На крај, ќе треба да внесете наслов на збирката и да стиснете на копчето „Зачувај“.

Печатени книги од PediaPress

Испечатени книги

Стискајќи го копчето „Прегледај со PediaPress“, вашата збирка на статии ќе биде подигната на PediaPress - служба за печатење на книги со вики-содржини. Повеќе информации за печатените книги ќе најдете на ЧПП и страницата „Печатени книги“ (каде се наведени цените и расположливите формати).

Во 2007 г, Фондацијата Викимедија и PediaPress склучија договор за долгорочна соработка со цел да се подобри достапноста на содржини од Википедија и други википроекти во облик на висококвалитетни печатени книги или текстуални документи во форматот OpenDocument.

Повеќе информации