Полуден град (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Полуден град (англиски: Mad City) е американски филм од 1997 година, во режија на Коста Гаврас. Главните улоги ги играат: Дастин Хофман и Џон Траволта.

Содржина[уреди | уреди извор]

Сем Бејли (го игра Траволта), кој работи како чувар на природонаучниот музеј, разочаран поради добиениот отказ од работата, се решава на очаен потег: зема во заложништво група ученици кои го посетиле музејот. Новинарот Мак Бракет (го игра Хофман) случајно се наоѓа во музејот, кога се случува инцидентот, кој набрзо станува главна вест на медиумите ширум земјата. Притоа, за медиумите, важна е самата случка, а никој не е заинтересиран за причините кои довеле до него.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Полуден град“, Антена, број 881, 15.5.2015, стр. 14.