Подгорјански амам

Координати: 40°50′14″N 24°01′17″E / 40.8372° СГШ; 24.0215° ИГД / 40.8372; 24.0215
Од Википедија — слободната енциклопедија
Подгорјански амам
Χαμάμ Ποδοχωρίου
Амамот денес
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видамам
Стилосманлиски
ГрадПодгорјани, Правишко, Егејска Македонија
ЗемјаГрција
Координати40°50′14″N 24°01′17″E / 40.8372° СГШ; 24.0215° ИГД / 40.8372; 24.0215
ЗавршенаXVII век

Подгорјански амам (грчки: Χαμάμ Ποδοχωρίου) — поранешен амам во селото Подгорјани, Правишко, Егејска Македонија.[1]

Амамот е од типот на единечна бања со купола и претставува единствената останата градба од османлиско време во селото. Се наоѓа на 50 м северно од месноста Цириф, од левата страна на рекичката Лакос (Криорема) над параклисот „Св. Петка“.[1] Датира веројатно од XVII век. Бањата има димензии од 6,60 × 4,50 м. Има две простории — правоаголно претсобје и главна просторија со купола од тули.

На 22 октомври 1997 г. амамот е прогласен за заштитен археолошки споменик.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Τούρκικο Χαμάμ Ποδοχωρίου - Εικονική περιήγηση (1)“. Ποδογόριανη ή Ποδοχώριον. Посетено на 26 август 2017.
  2. „Τούρκικο Χαμάμ Ποδοχωρίου (2)“. Ποδογόριανη ή Ποδοχώριον. Посетено на 26 август 2017.
  3. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/ΚΗΡ/12906/319/25-9-1997 - ΦΕΚ 932/Β/22-10-1997“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 1 јули 2018.