Прејди на содржината

Податочно ниво

Од Википедија — слободната енциклопедија
OSI модел
7 Апликациско ниво
6 Презентациско ниво
5 Ниво на сесија
4 Транспортно ниво
3 Мрежно ниво
2 Ниво на податоци
1 Физичко ниво

Податочното ниво е второто ниво од седум слојниот OSI модел на компјутерските мрежи. Тоа одговара, или е дел од слојот за врски од TCP/IP моделот. Слојот на податочна врска е протоколот кој го претворува податокот помеѓу соседните интернет јазли во широко распространетата мрежа помеѓу јазлите на сегментот на истата локална мрежа. Слојот на податочната врска овозможува функционални и процедурални начини за пренос на податоците помеѓу субиектите на мрежата и може да овозможи ничини да се откријат и евентуално да се поправат грешките кои можат да се појават во физичкиот слој. Примери за податочна врска се Ethernet за локални мрежи, Point-to-Point Protocol, HDLC и ADCPP за Point-to-point (двоен-јазол) врските.

Слојот на податочна врска се занимава со локална испорака на рамки помеѓу уредите на истата LAN мрежа. Рамките на податочното ниво, како овој протокол на податочни единици се нарекуваат, не прекинувачки граници на локалната мрежа. Внатрешното мрежно насочување и глобалното адресирање се функции на повисоки слоеви. Дозволувајќи им на протоколите за податочно ниво да се фокусираат на локалната испорака, адресирање и медиумско пресадување. На овој начин, слојот на податоча врска е аналогна на полицаец за сообраќајот во соседството, кој се труди да посредува помеѓу завојуваните страни за пристап до медиумот.

Кога уредите се обидуваат да користат медиуми истовремено, се случува судир на рамки. Протоколите за податочна врска одредуваат како да се пронајде уред и опорави од такви судири, и може да обесзбеди механизам за намалување или да ти спречи. Испорака на рамки од направи со втор слој е постигнено преку употреба на јасни хардверски адреси. Заглавјето на рамката содржи изворна и крајна адреса што укажуваат од кој уред потекнува рамката и кој уред се очекува да ја добије и обработи. За разлика од хиерастичките и рутирачките адреси на мрежното ниво, адресите на второто ниво се рамни, што значи дека нема дел од адресата што може да биде искористен да се идентификува на кој адреса припаѓа логичката или физичката група.

Нивото на податочната врска овозможува пренос на податоци преку физичката врска. Преносот може да биде сигурен или несигурен, многу протоколи за податочна врска немаат признание за успешен прием на рамки, а некои може дури и да немаат никаква форна за проверка на грешки во преносот. Во овие сличаи протоколите на повисоки нивоа мораат да обезбетдат контрола на протокот, проверка на грешки, и признанја за реимитирање.

Во некои мрежи, како IEEE 802 локалните мрежи слојот на податочната врска е опишан подетално со Media Access Control (MAC) и Logical Link Control (LLC) поднивоа, ова значи дека IEEE 802.2 LLC протоколите можат да се користат со сите IEEE 802 MAC нивоа, како што се Ethernet, token ring, IEEE 802.11 и други, како и со некои не- 802 MAC нивоа како што е FDDI. Други протоколи на нивото за податочна врска како HDLC, да ги вклучат и поднивоата, иако некои други протоколи, како што се Cisco HDLC, го користат врамувањето на поднивото HDLC како MAC ниво во комбинација во комбинација со различно LLC ниво. Во ITU-Т G.hn стандардот, што обезбедува начин да се создаде голема брзина (до еден гигабајт во секунда) Локалната мрежа користејќи постоечки домашми ожичувања(електрични водови, телевонски жици и коаксијални кабли), слојот за податочна врска е поделена на три под-поднивоа (Протокола за конвергација, контрола на лигички врски и контрола за пристап на медиумите). Во рамките на значењето на архитектурата на мрежата на OSI, протоколите за нивоата на податочна врска одговараат на побарувањата за услуги од мрежниот слој и тие ја вршат задача со побарување услуга од физичкиот слој.

Модели на комуникација

[уреди | уреди извор]

Поднивоа на слојот за податочна врска

[уреди | уреди извор]

Подслој за контрола на логичка врска

[уреди | уреди извор]

Најгорниот потслој е слојот за контрола на логичката врска(Logical Link Control-LLC ). Овој подслој мултиплексира протоколи кои работат на врвот на слојот за податочна врска, и евентуално обезбедува контрола на проток, признание, известување за грешка. Слојот за контрола на логичка врска овозможува адресирање и контрола на податочната врска. Овој слој кои механизни ќе се користат за адресирање на станици во медиумот за пренос и за контролирање на размената на податоци направите за создавање и за пимање.

Подслој за контрола на пристап

[уреди | уреди извор]

Податочниот слој е слојот за контрола на пристап. Понекогаш се однесува за подслојот на кој е дозволен пристапот до медиумите во секое време (обчно CSMA/CD). Друг пат тоа може да се однесува на структура на рамка со "MAC" адреса во неа. Генерално постојат два вида на медиуми за контрола на пристап: дистрибуирано и централизирано. И двете можат да бидат споредени со комуникацијата меѓу луѓето. Во мрежа составена од луѓе кои зборуваат, односно разговор, односно бараме индиции од соразговарачите да се види дали некој од нив сака да зборува. Ако двајда луѓе зборуваат во исто време тие ќе бидат исклучени и ќе започнат долга и елаборирачка игра на велење "не, ти прв".

Препораки

[уреди | уреди извор]