Погона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Погона
Pogona vitticeps02.JPG
Погона витисепс
P. vitticeps - детали на главата
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Влекачи
Ред: Лушпести
Подред: Гуштери
Семејство: Агамови
Род: Брадести агами
Видови

Pogona barbata
Pogona henrylawsoni
Pogona microlepidota
Pogona minima
Pogona minor
Pogona nullarbor
Pogona vitticeps

Погона — род на влекач со осум видови, кои често се познати под заедничкото име „брадест змеј“, кое најчесто се користи да се опише централниот брадест змеј („Погота витисепс“). Името „брадест змеј“ произлегува од „брадата“ на гуштерот, која се наоѓа во долниот дел на грлото, и која се бои во црна боја кога животното е во стресна ситуација или се спрема за борба. Тие се вешти планинари, а најголем дел од времето го поминуваат лежејќи на гранка или карпа, преку целиот ден. Во дивина можат да се најдат во Австралија во широк спектар на живеалишта како што се пустини, пространства со жбунови или шуми со еукалиптус.[1]

Неколку видови на овој род, особено централниот брадест змеј, често се чува како домашен миленик или се изложува во зоолошките градини, поради нивната отпорна природа и лесна нега во споредба со други егзотични видови на рептили.

Опис[уреди | уреди извор]

Родот е во подфамилијата Егејминеи на семејството Егејмидеи. Тие се дел од семството на гуштери, карактеристични по широка, триаголна глава, телата им се срамнети со земја и обложени со шилци кои се подредени во редови и кластери. Шилестите делови се многу остри на допир и наоѓаат најмногу на задниот делод главата и грлото кое може да се шири, а животното тоа го користи за да се отргнат предаторите. Брадестиот змеј прави маневар со раката што наликува на мавтање, со кое покажува потчинување, и клатење со главата со кое покажува доминација во присуство на други брадести змејови. Тие имаат способност да сменат боја при ривалство со други мажјаци или поради прилагодување со просторната температура, па така можат да ја затемнат бојата до речиси целосно црна во одредени делови за да ја абсорбираат топлината. Мажјаците растат од 40 до 60 cm во должина, додека пак женките од 30 до 51 cm. [1]

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Брадестите змејови потекнуваат од централна Австралија, каде што живеат во суви, субтропски, шумски, крајбрежни предели, како и савани и пустини. [2] Нивниот опсег се протега низ териториите на источните држави од источна Австралија до јужните делови на северната територија на Австралија каде што најчесто уживаат (сончаат) на гранките и карпите. Кога климата е премногу топла тие честопати се закопуваат во земја. Bearded Dragon Range by Species mk.png

Однесување[уреди | уреди извор]

Возрасен брадест змај, измерен над 30 сантиметри.

Возрасните брадести змејови се многу територијални. Како што растат, воспоставуваат општесвена хиерархија во која агресивно и поданичко однесување е нормален дел од нивната социјална интеракција. Брадата ја користат и за парење и за прикажување на агресија. Двата пола имаат брада, но мажите ја користат почесто, особено во ритуали на додворување на женката. Женките, пак, нивната брада ја покажуваат во знак на агресија. брадата може да потемни до речиси целосно црна при парење или агресивно однесување. Брадестиот змај ја отвара устата и ја дуе брадата за да изгледа повеќе застрашувачки. Клатење со главата е маневар кој го прават само мажјаците. Тие ја клатат главата напред - назар многу брзо, честопати затемнувајќи и дуејќи ја брадата. Со тоа тој сака да покаже доминација врз послаби или помали мажи, или жени со кои сака да се пари. Друг маневар е мавтање со рака кое го прават и мажјаците и женките. Стоејќи на 3 нозе брадестиот змеј ја крева едната нога и прави кружни движења. Со тоа змејот сака да покаже потпчинетост. Обично помалите и послаби мажи одговараат на поголемите и посилни мажи со мавтање со раката. Женките тоа го прават со цел да се избегне машката агресија, честопати како одговор на машкото клатење со глава. [3]

Во заробеништво[уреди | уреди извор]

Брадестите змејови, најчесто оние од внатрешноста или централните брадести змејови, се чуваат како миленици. За прв пат како миленици почнуваат да се чуваат во САД во текот на 1990-тите години. Тие се популарни егзотични миленици, иако Австралија од 1960-тите години па наваму, ја забрани продажбата на дивиот животински свет во трговијата со миленици.[4] Тие се популарни животни меѓу децата поради тоа што се пријателски настроени и мирни по природа, а и релативно лесно е да се грижите за ваков миленик.[5] Генерално гледано, брадестиот змеј е животно кое сака само да живее, но понекогаш две женки со слична големина можат среќно да живеат заедно. Мажјаците скоро секогаш живеат одделно сами, поради тоа што во спротивно би се бореле меѓу себе или би се пареле со женките. Брадестите змејови во заробеништво растат во просек околку 42 до 61 cm од глава до врвот на опашот, тежат од 350 до 600 грама, [6] и живеат од 8 до 12 години со добра грижа. [1]

Режим на исхрана[уреди | уреди извор]

Режимот на исхрана на брадестите змејови кои живеат во заробеништво најмногу се состои од зелени листови, зеленчук и овошја што немаат киселини, со редовно додавање на инсекти во исхраната. Исхраната на бебињата и младите брадести змејови се состои претежно од мали инсекти (пелети можат да се купат во продавници за миленици). Бебе брадест змеј треба да јаде инсекти три пати дневно, а количината зависи од самиот змеј и неговиот апетит. Сопственикот на змејот треба да му понуди да изеде колку што може повеќе инсекти во рок од 10 до 15 минути, а останатите да ги отстрани од живеалиштето.[7] Штурците се најпопуларни инсекти за хранење на брадест змеј, но исто така може да се храни и со други инсекти. Брашновите црви треба да се даваат само како ужина на брадестите змејови, поради високиот процент на маснотии кои ги содржат, што може да доведе влошување на здравсвената состојба. Младите брадести змејови треба да се храната претежно со инсекти, за разлика од возрасните брадести змејови.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Browne-Cooper, Robert; Brian Bush; Brad Maryan; David Robinson (2007). Reptiles and Frogs in the Bush: Southwestern Australia. University of Western Australia Press. стр. 160. ISBN 978-1-920694-74-6. „Pogona minor minor, Abrolhos Bearded Dragon“ 
  2. Reptiles and Amphibians. http://nationalzoo.si.edu/Animals/ReptilesAmphibians/Facts/FactSheets/Inlandbeardeddragon.cfm
  3. Periat J. Pogona vitticeps Central Bearded Dragon. February 17, 2000. Animal Diversity Web.
  4. http://babybeardeddragonguide.com/
  5. Jaeger, Jeremiah. „Bearded Dragons Care Sheet“. beardeddragon.org. http://www.beardeddragon.org/articles/caresheet/. посет. 11 септември 2012 г. 
  6. „Hades Dragons“. hadesdragons.co.uk. 2010. http://www.hadesdragons.co.uk/caresheet.html. посет. 13 август 2013 г. 
  7. „Bearded Dragon Care“. Big Al's Pets. декември 2014. http://www.bigalspets.com/resources/cat/reptiles/post/bearded-dragon-diet/. посет. 14 јануари 2015 г.