Планирање на наставата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Планирањето на наставата сочинува важен дел од работата на наставникот. Ги вклучува сите потребни елементи за подготовка за изведување на наставен час или наставна единица. За оваа цел, во образованието на наставниците, се учат концепции во врска со тоа кои предметни, дидактичко-методски и педагошки околности треба да се земат во предвид пред изведување на наставата и како истите да се документираат.

Планирањето на наставата служи како ориентир за наставникот додека држи настава. Од друга страна, планирањето треба да ги оправда целите на наставата во согласност со избраниот дидактички модел.

Околности кои се земаат во предвид при планирањето[уреди | уреди извор]

Анализа на предусловите за изведување настава

  • Анализа и проценка на различните предуслови во кои ќе се одвива наставата;
  • Опис на учечката група (особено на нивните способности кои се важни за наставата).

Техничка анализа

  • На кој начин ќе се изнесе наставната содржина пред учениците;
  • Стручна класификација на избраната тема;
  • Научни проблеми.

Дидактичка анализа

  • Класификација на темата во наставната програма (поле на учење, колку наставни часови се потребни);
  • Усогласеност со дидактичките принципи;
  • Структура на дидактички редуцираниот предмет на учењето (во смисла на форма и пристап);
  • Одредување на целите на учењето, диференцирани според опсегот, умствено-духовната димензија и сложеноста.

Методска анализа

  • Избор на начинот на изведување на наставата;
  • Избор на методскиот пристап (форми на настава или наставни методи, делумно и на дидактичко-методските концепти);
  • Идентификација на можните потешкотии и разработка на алтернативи и диференцијации;
  • Избор на социјални форми на наставата и формите на работа во нив (наставни техники);
  • Избор на медиуми на наставата кои ќе се користат (во согласност со исходот од анализата на предусловите за изведување настава);
  • Осмислување на фазите на наставата (артикулација на наставниот час) во согласност со претходните ставки.

Оценување или евалуација

  • Одредување на критериумите за успех;
  • Форми на излагање за контрола на учениците;
  • Избор на соодветни тестови, односно начини на тестирање.

Дневната подготовка на наставникот е на ниво на планирање на одделен наставен час. Обично се прави во табеларна форма, со хронолошка структура. Изгледот е во зависност од избраниот дидактички модел. Наставата базирана на наука се артикулира во зависност од целта. Еден од начините на кои може да се претстави е прикажан подолу.

Фаза на наставата Активности на ученикот Материјали и медиуми Социјални форми Активности на наставникот Форми на работа Време
Почеток 2–10 min
Разработка 10–15 min
Воопштување ≈5 min
Продлабочување 10–15 min
Воопштување ≈5 min
Формулар за дневна подготовка

Како прилози можат да бидат:

  • Работни листови;
  • Скица наменета за училишната табла;
  • Предмети од секојдневниот живот на учениците, за започнување и вовед во наставниот час.