Пештера Бањ Стијена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бања Стијена

Пештера Бањ Стијена е пештера која се наоѓа во кањонот на реката Прача, заселок на Бањ Стијена, село Сочице, Општина Рогатица, Република Српска, БиХ. Темната пештера е природно добро од големо значење -II категорија. Се налаоѓа во близина на пештерата Говјештица која има околу 10 000 метри канали и е најдолга истражена пештера во Б и Х. Координати во Гаус- Кригеровата координатна мрежа x-4848,0 N, y-6571,46 E. Должина на пештерата е 1.200 метри. Во пештерата Бањ Стијена се пронајдени остатоци од пештерска мечка (Ursus spelaeus) и пештерските инсекти: Anophthalmus (Duvalis) kauitianus, Pholeuonopsis setipennsis, Bathuscia kaunti. Оваа пештера е под заштита на Заводот за заштита на културно историското и природното наследство на Република Српска, и спаѓа во природно добро од II категорије.

Основна вредност[уреди | уреди извор]

Подземна хоризонталена форма на карстен релјеф. Разгранет подземен систем, богат со привлечен пештерски накит кои сочинуваат бигрени кади, саливи, сталактити, пештерски столбови. По богатство и разновидност на пештерски накит е една од најубавите пештери во Република Српска. Во внатрешноста на пештерата пронајдени се остатоци од коски на пештерска мечка.

Положба[уреди | уреди извор]

Источниот дел на Република Српска, кањонот на реката Прача. Територија на општина Рогатица, село Бања Стијена. Оддалеченост: од Пале 17 км, од Горажде 13,50 км и од Рогатица 8 км. Надморска височина 590 метри.

Површина и граници[уреди | уреди извор]

Режим на заштита од II степен опфаќа дел од катастарска честица 2475 зацртани на копија од катастарскиот план со вкупна површина од 51,23 хектари која припаѓа на Катастарската општина Сочице.

Меѓународен статус[уреди | уреди извор]

ИУЦН класификација на заштитени природни подрачја:Category III — Natural Monument / Natural Landmark — Природен споменик.

Релјеф[уреди | уреди извор]

Во непосредна близина на пештерата Бањ Стијена се наоѓа кањонот на реката Праче во чија лева страна е формиран спелеолошки систем. Кањонот на реката Праче претставува длабок кањон од чија северна страна се наоѓа Батовско поље (македонски јазик Батовско поле), пространа површина развиена на карбонатен терен.

Река Прача се создава под Голе Јахорина (1910 м н.в.) во изворишна челенка од која се создаваат извори. Станско врело, Кадино врело и Врела Праче. Хоризонтот на изворот е под варовник кој лежи на верфенски шкрилци. Горниот слив на Прача е област богата со потоци благодарејќи на непропусните слоеви од шкрилци и песочиште. Низводно кај Подграб реката Прача ги прима потоците Грабовица, Грачаница и Лозница кои дотекуваат под планината Романија. Кај местото Реновица Прача влегува во длабоките слоеви на тријаските варовници со кои го сече кањонот длабок од 300 до 500 метри. Кањонот само малку се прекинува во Месиќи, каде се проширува во долина опкружена со силно собрани слоеви и со јурски шкрилци.

Од левата страна на кањонот на Прача, веднаш покрај влезот во пештерата Бањ Стијена се наоѓа чело на навлаката предиспонирано во правец кон запад. Пештерата Говјештица , предиспонирана со расед кон северозападен правец се наоѓа во близина на Бањ Стијене и припаѓа на ист спелеолошки систем.

Морфолошки одлики[уреди | уреди извор]

Врз основа на морфолошка анализа и досегашни истражувања изделени се следниве основни целини на пештерата Бањ Стијена:

  • Влезен канал,
  • Главен канал,
  • Систем од мали, споредни канали.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]