Петрик Зандер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
2017-08-11 TuS Koblenz vs. SG Dynamo Dresden (DFB-Pokal) by Sandro Halank–146.jpg

Петрик Зандер (германски: Petrik Sander, 17 ноември 1960 во Кведлинбург ) — германски поранешен фудбалер и од неодамна бил задолжен за Тус Кобленц .[1]

Играчка Кариера[уреди | уреди извор]

Тој играл преку 150 натпревари во ДДР-Оберлига за Енерџи Котбус и Мотор Нордхаузен .

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Во 1997 година станал асистент на менаџерот во ФК Енерџи Котбус . Подоцна бил назначен за главен тренер, кога Едуард Гејер го напуштил клубот. Во 2006, тој го предводел клубот и го унапредил во Бундеслигата . Неговата прва сезона во Бундеслига завршила со 13 место, а клубот обезбедил уште една година во лигата. Сепак, поради лошите резултати на почетокот на сезоната 2007-08, тој бил отпуштен на 23 септември 2007 година. На 21 ноември 2008 година, тој потпишал договор за главен тренер на ВфР Аален и бил отпуштен на 5 мај 2009 година. По седум месеци без работа, тој потпишал како главен тренер на Тус Кобленц на 27 декември 2009 година. Тој го напуштил Кобленц во 2011 година по нивното испаѓање од 3. Лига, станувајќи менаџер на ФК Карл Цајс Јена во ноември 2011 година. Тој беше отпуштен од Јена веднаш по почетокот на сезоната 2013-14. На 1 јануари 2015 година се вратил во Тус Кобленц .

Наводи[уреди | уреди извор]