Песокот на Иво Џима (филм од 1949)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Песокот на Иво Џима (англиски: The Sands of Iwo Jima) – американски филм од 1949 година, во режија на Алан Двон според сценариото на Хари Браун и Џејмс Едвард Грант. Главните улоги ги играат: Џон Вејн, Џон Ејгар, Форест Такер и Адел Мејра. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во четири категории.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Наредникот Џон Страјкер (го игра Вејн) е старомоден човек, убеден дека челичната дисциплина е основен услов за создавање добар војник. Поради таквите сфаќања, тој има многу непријатели меѓу војниците, а најмногу го мрази неискусниот војник Питер Конвеј (го игра Ејгар), потомок на богато семејство и син на офицерот кого Страјкер многу го почитува. Кога воените операции стануваат посериозни, методите на Страјкер се покажуваат како оправдани...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „HRT (пристапено на 5.10.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-10-03. Посетено на 2017-10-06.
  2. „HRT (пристапено на 5.10.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-10-03. Посетено на 2017-10-06.