Перифитон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Перифитон на растителните стебленца во Еверглејдз.
Черупката на Eustrombus gigas во природни услови е прекриена со перифитон.

Перифитонот е сложена мешавина од алги, цијанобактерии, хетеротрофни микроорганизми, како и детритус кој е прицврстен за субмерзните (подводните) површини во повеќето водни екосистеми.

Перифитонските видови може да растат прикрепени за други растенија (ефитски перифитон) или на карпи (епилитски перифитон), како и на друг супстрат (епибентосен перифитон). Најчесто перифитонот се состои од дијатомеи, како и од многу филаментозни алги (Spirogyra, Anabaena, Oscillatoria, Lyngbya, Pithophora итн.). Абундантноста на перифитонот се зголемува пропорционално со количината на хранливи материи. Оваа група организми може да биде важен извор на храна за хербиворите (растенојадите).

Перифитонот може да апсорбира контаминанти на тој начин што ги отстранува од водниот столб и го ограничува нивното движење во околината. Перифитонот претставува и важен индикатор за квалитетот за водата.

Поврзано[уреди | уреди извор]