Парламентарни избори во Египет (1979)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парламентарни избори во Египет (1979)
Египет
1976 ←
7 и 14 јуни 1979 → 1984

 
Партија Национална демократска партија Социјалистичка работничка партија

Премиер пред изборите

Мустафа Калил
Национална демократска партија

Последователен Премиер

Мустафа Калил
Национална демократска партија

Предвремени парламентарни избори во 1979 година ― парламентарни избори кои биле одржани во Египет на 7 јуни 1979 година, а вториот круг за 147 места кој бил одржан на 14 јуни. По опитните избори во 1976 година, на кои три различни фракции на Арапскиот социјалистички сојуз се натпреварувале едни против други, земјата била вратена во повеќепартиската политика. Ова било потврдено на референдумот за создавање нови партии, одржан во април.[1]

Биле избрани по двајца кандидати од секоја од 176-те изборни единици, при што бил потребен втор круг на гласање доколку еден или двајцата кандидати не успеат да освојат над 50% од гласовите во првиот круг, или ниту еден од кандидатите со над 50%, не бил класифициран како работник или земјоделец (секоја изборна единица морала да има барем еден земјоделец или работник што ја застапувал).[1] Покрај тоа, 30 места биле резервирани за жени, а по изборите, претседателот назначил уште 10 членови.

На изборите учествувале околу 1.600 кандидати, од кои речиси 1.000 биле независни. Исходот бил победа за Националната демократска партија на претседателот Анвар Садат, која освоил 347 од 392 места.

Резултати[уреди | уреди извор]

ПартијаМеста+/–
Национална демократска партија347Нови
Социјалистичка работничка партија30Нови
Партија на либерални социјалисти2–13
Независни13–34
Вкупно392+32
Извор: IPU

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Egypt Inter-Parliamentary Union