Pazar3

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пазар3)
Pazar3.mk
ВидLTD
ДејностОгласување, маркетинг
Основано2006
Испостави
глобална
Опслужувани подрачја
Македонија
Вработени
25
Мреж. местоwww.pazar3.mk

Pazar3 — македонско мрежно место за купување и продавање на производи и услуги.

Историја[уреди | уреди извор]

Мрежното место pazar3.mk била пуштена во употреба во летото 2006 година во Ресен. Во декември 2016, страницата броела околу 70.000 посетители и повеќе од 1.600 огласи дневно.[1]

Целта на деловниот модел на pazar3.mk e да обезбеди лесно, делотворно и безбедно огласување. Преку Пазар3 физичките лица и претпријатијата од Македонија може да продаваат, купуваат и разменуваат предмети и услуги.

Рани почетоци[уреди | уреди извор]

Секој нов концепт се заснова на потреба. Идејата за создавање но мрежно место што ќе овозможи купување, продавање и размена беше реализирана летото 2006 година, во Ресен, Македонија со официјално пуштање во употреба на мрежното место Пазар3. Поставувањето на мрежното место беше проследено со огромен успех затоа што бројот на посетители од ден на ден се зголемуваше. Денес Pazar3.mk е водечкиот македонски купо-продажен пазар на Интернет мрежата, со 70 000 посетители на ден и повеќе од 1 600 огласи дневно. Денес Pazar3 претставува неприкосновен онлајн пазар за Македонските граѓани – 8 од 10 луѓе имаат купено или продадено нешто преку Pazar3 и 99% од сите граѓани знаат за Pazar3.

Целта на Пазар3 Бизнис моделот е да обезбеди лесно, делотворно и безбедно огласување. Преку Пазар3, физичките лица и компаниите од Македонија може да продаваат, купуваат и разменуваат предмети како никогаш досега. Целта на Пазар3 е постојано да го подобрува корисничкото искуство од онлајн огласувањето.

Поврзани претпријатија[уреди | уреди извор]

  • Албанија — MerrJep.al
  • Косово — MerrJep.com
  • Србија — Mojtrg.rs
  • Црна Гора — Mojtrg.me

Наводи[уреди | уреди извор]