Ориентална литература
Арапска литература
[уреди | уреди извор]Араспката литература се развила од некогашна Персија па сè до Шпанија, на арапски јазик и со арапско писмо. Нивната религија е ислам, која настанала во 7 век п.н.е. напишана во куран (света книга на муслиманите). Јазикот на исламската религија е арапскиот јазик. Со ширење на исламот се ширела и арапската литература и култура. Постои и предисламска литература, но најзначајна е збирката приказни „1001 ноќ“ - составувана од 9 век до 14 век.
Куран (арапски: al curan) е книга за читање. Запишана е во 7 век. Има 114 глави - сури, кои имаат посебни делови - ајети. Куран е зборник со религиозни, морални и правни поуки. А проркот на самата исламска религија е Мухамед.
Персиска литература
[уреди | уреди извор]Персиската литература е поврзана со дејноста на филозофот Заратурста, од 12 век п.н.е. Литературата е запишувана на староирански јазик и претежно се запишувани филозофските размислувања на Заратурста за борбата помеѓу доброто и злото и еднаквоста и праведноста помеѓу луѓето. Биле пушувани митови, легени, поуки, трудови песни и молитви. Во 12 век на територијата на Персија имало силна инвазија на Арапите и персиската литература потпаднала под силно влијание на нивната литература, култура и јазик преку куранот.
Кинеска литература
[уреди | уреди извор]Кинеската литература се појавува во 2 милениум п.н.е. Идеограмските записи на старото кинеско писмо се пронајдени на стари садови. Кинезите имале многу развиена култура (први го пронашле барутот, хартијата, компасот). Литературата е поврзана со дејноста на филозофот Конфуци кој живеел во 6 век п.н.е. и бил: историчар, поет, учител, филозоф. Пишувал литература која била создавана од 11 век до 6 век, во книгата Ши Кинг (книга на песни). Имало околу 300 песни(обредни, трудови, љубовни, воени, политички песни, химни), но и прозни текстови(филозофско поучни) запишани по неговата смрт од неговите ученици.
Јапонска литература
[уреди | уреди извор]Јапонската литература е најмлада од сите древни литератури. Има силно влијание од кинеското писмо, но културата е доста затворена, односно не прифаќа влијаниеја од другите древни култури. Имаат различни јазици. Литературата со својот развој започнува во 8 век во збирката „Кошки“ од песни и проза. Најмногу тематика има од природата, љубовта и има лирски и филозофски песни. Најпозната лирска форма е танка. Има една строфа од 5 стиха и 31 слог. И ден денеска се пишува Хаику поезија (1 строфа, 3 стиха, 17 слога). Хаику песна е загатка, односно претставува метафора која има силна поента. Се создава во еден миг и еден здив.