Општествена теорија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Социјални теории се рамки на емпириски докази користени за учење и толкување на општествени појави. Како алатка користена од страна на научници од општествените науки, социјалните теории се однесуваат на историски дебати за најточни и веродостојни методологии (на пример позитивизам и антипозитивизам), како и приматот на било структура или агенција. Одредени општествени теории се стремат да останат строго научни, описни и објективни. Теориите за конфликт, за разлика, презентираат наводно нормативни позиции, и често ги критикуваат идеолошките аспекти својствени за конвенционалната, традиционална мисла.

Ова е дисциплинска наука и се надоврзува со идеи од различни области како што се антропологијата и студиите за медиумите. Општествената теорија од неформална природа, или со авторство надвор од академските општествени и политички науки, може да биде сметана како „општествена критика“ или „општествен коментар“.

Општествената теорија како посебна дисциплина се појавија во 20-от век и во голема мера беше поистоветувана со критичко размислување, врз основа на рационалност, логика и објективност, и желбата за знаење преку posteriori методи на откривање, наместо priori методи на традиција.

Надвореши врски[уреди | уреди извор]