Прејди на содржината

Опсада на Одавара (1561)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Првата опсада на Одавара
Дел од период Сенгоку

Еден дел од кула на замокот Одавара
Датум 1561
Место Одавара (замок), Јапонија
Исход Уесигу се откажал, замокот и градот биле запалени
Завојувани страни
Уесигу (клан)
Сатаке (клан)
Ота (клан)
Сатоми (клан)
Јура (клан)
Уцуномија (клан)
Нагано (клан)
Насу (клан)
Ода клан
Хоџо (клан)
Сила
90,000-113,000 15,000

Опсадата на Одавара се случила во 1561 година, и е една од битките во јапонскиот период Сенгоку. Ова била прва од трите опсади што се случиле на замокот кој бил дом на кланот Хоџо.

Уесуги Кеншин заробил неколку од замоците што припаѓале на кланот Хоџо, и во 1561 година направил опсада на замокот Одавара, кој исто така бил сопственост на кланот Хоџо. Уесигу ја пробил одбраната, и го запалил замокот. Сепак, самиот замок останал неосвоен, бидејќи Кеншин по два месеца се откажал. Ова се случило поради недостаток на залихи, како и на појавувањето на Такеда Шинген, поранешен противник на Кеншин, кој се заканувал дека ќе ги преземе неговите територии.

Така завршила првата од трите опсади на замокот Одавара.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Turnbull, Stephen (1998). 'The Samurai Sourcebook'. London: Cassell & Co.