Надморска височина
Изглед
(Пренасочено од Н.в.)
Поимот надморска височина се однесува на височината измерена над земјата односно алтитуда и односот на просечната височина на морето (морско ниво).
Кога се опишуваат географски објекти, како што се планина, топографски карти, висини кои се означени со изохипса, тие се опишуваат преку метричката мерка - метар.
Заради нестабилноста на височината на морето, заради плимата и осеката, не е возможно апсолутно да се определи височината на сите објекти на планетата. Затоа се користи некоја поблиска референтна точка чика висина е мерена во подолг временски период и е константна.