Нона Караџова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нона Караџова
Министер за животна средина
На должноста
27 јули 2009 – 13 март 2013
Претходник Џевдет Чакаров
Наследник Јулијан Попов
Лични податоци
Роден(а) 28 август 1960
Силистра, Бугарија
Партија ГЕРБ

Нона Караџова (роден на 28 август 1960 во Силистра) е бугарски политичар и министер за околната средина и водите на Бугарија во периодот од 2009 до 2013 година.

Караџова завршила на УНСС специјалност Економија и организација на трудот. Подоцна специјализирала јавна администрација во Институтот за јавна обука во САД. Во периодот од 1984-1991 работела во Економскиот институт БАН.

На функцијата министер за животна средина стапила во 2009 година, во владата предводена од Бојко Борисов.