Нирмал Хридеј

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нирмал Хридеј - Домот на пречистото срце е хоспиција за смртно болните луѓе формирана од страна на Мајка Тереза во Калигат, Калкута, Индија. Зградата во која е сместена оваа хоспиција е поранешен напуштен индиски храм посветен на божицата Кали, божица на времето и промените. Нирмал Хридеј е основана во 1952 година. Луѓето што биле носени во овој дом, примале медицинска нега од страна на Мисионерките на милосрдието и им е овозможено достоинствено да го напуштат овоземниот живот.