Никита Исповедник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никита Исповедник
Venerable
Починал(а) 9 век
Почитуван(а) во православие
Слава Православие: 3 април

Никита Исповедник е христијански светец од 9 век.

Роден e во Витанија, во градот Кесарија. Неговиот таткоФиларет, лишувајќи се од својата сопруга, се замонашил, Никита останал кај својата баба, татковата мајка. Бидејќи пораснал и ги завршил сите науки, отишол во Мидикискиот манастир, каде игуменот Никифор го потстрижал за монах, а после седум години патријархот Тарасиј го ракоположил за јеромонах. По смртта на Никифор и Никитовиот верен другар Атанасиј, братството го избрало Никита за игумен. Царот во времето на византиското иконоборство го исфрлил патријархот Никифор и го испратил во заробеништво, а на неговото место го издигнал Теодот Каситер. И Никита бил затворен

Според христијаните, една ноќ, на Никола му се јавил неговиот умрен татко на сон и прекорно му рекол: “Отстапи од слугата Божји!” И од тој час Никола се покајал, та не само што не му досадувал на светителот, туку и другите ги одвраќал да не му досадуваат. Кога со лоша смрт загинал Лав Ерменецот, царството го презел правоверниот цар Михаил Валвос, кој ги ослободил сите православни страдалници. Никита се повлекол во едно осамено место близу до Цариград, каде во молитва и во благодарење на Бога за сè ги поминал своите последни денови на земниот живот[1].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 3 април.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 138