Незаборавниот оган

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Незаборавниот оган (англиски: The Unforgettable Fire) - албум на ирската рок-група „Ју ту“ (U2) од 1984 година.

Технички информации[уреди | уреди извор]

Албумот е објавен од страна на дискографската куќа „Ајланд рекордс“ (Island Records Ltd.) во 1984 година. Продуценти и инженери биле Брајан Ино (Brian Eno) и Даниел Ланоа (Daniel Lanois), дополнителен инженер бил (Kevin Killen), а помошник-инженер - Ренди Езрати (Randy Ezratty). Песните застапени на албумот биле снимени во две студија: „Слејн Калсл“ (Slane Castle Co.) и во „Виндмил лејн студиос“ (Windmill Lane Studios). Песните се објавени од страна на „Блу маунтин мјузик“ (Blue Mountain Music Ltd.).[1]

Музиката за сите песни е дело на членовите на „Ју ту“, додека текстовите ги напишал Боно (Bono). Сите песни на албумот се отпеани од Боно; Еџ (The Edge) свирел на гитари и синтисајзери, а на одредени песни бил задолжен и за дополнителните вокали; Адам Клејтон (Adam Clayton) свирел на бас-гитара; Лари Мулен (Larry Mullen Jr.) тропал на тапани; а Ено и Ланоа биле задолжени за придружните вокали и инструменти, како и за електронските направи. Обвивката на албумот (на која се прикажани членовите на групата пред урнатините на еден замок) ја смислиле Антон Корбијн (Anton Corbijn) и Стифен Аверил (Stephen Averill), а била реализирана од Корбин и фирмата „The Creative Dept. Ltd.“ од Даблин.[2]

Во реализацијата на албумот учествувале и поголем број технички лица, како: Noel Kelehan, Paul Barrett, Paul Mc Guinness, Anne-Louise Kelly, Ellen Darst, Denis Sheehan, Joe O’Herlihy, Steve Iredale, Tom Mullally, Steve Rainford, Peter Williams, Tim Buckley и Lord Henry Mountcharles. Исто така, членовите на групата искажале благодарност на Кристин Кер (Christine Kerr). При снимањето биле користени тапани од фирмата „Јамаха“ (Yamaha) и жици од фирмата „Џејмс хау индастрис“ (James Howe Industries).[3]

Содржина[уреди | уреди извор]

На албумот се наоѓаат десет песни:[4]
Страна 1:

  • A Sort of Homecoming
  • Pride (In the Name of Love)
  • Wire
  • The Unforgettable Fire
  • Promenade


Страна 2:

  • 4th of July
  • Bad
  • Indian Summer Sky
  • Elvis Presley and America
  • MLK

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. U2, The Unforgettable Fire, Cai 9127, Jugoton.
  2. U2, The Unforgettable Fire, Cai 9127, Jugoton.
  3. U2, The Unforgettable Fire, Cai 9127, Jugoton.
  4. U2, The Unforgettable Fire, Cai 9127, Jugoton.