На крајот пристигнуваат туристи (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На крајот пристигнуваат туристи е германски филм од 2007 година. Оваа драма е во режија на Роберт Талхајм. Главните улоги се на Александар Фелинг, Ричард Рончевски, Барбара Висоцка.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Оваа тивка, впечатлива драма докажува дека од сооветна временска перспектива за Аушвиц може да се раскажува разумно и со чувства.

Свен, еден млад Германец, воопшто не помислува на меморијалот на концентрациониот логор во Аушвиц кога се пријавува за цивилна служба во странство. Аушвиц за него претставува мало гратче во Полска, со чуден јазик, се разбира и најстрашниот симбол на холокаустот: најголемиот германски логор за уништување, и сè она што го слушал на часовите по историја. Отежнувачка околност е што Свен треба да се грижи за Станислав, кој преживеал во концентрациониот логор и е полн со омраза. Тој раскажува приказни-сведоштва за тоа време, поправа куфери и го шиканира Свен. На разбирање наидува само кај младата преведувачка Ања. Ања сака да го напушти градот, а Свен одлучува да се отакаже од сè. Со спакувани куфери седи на железничката станица. На крајот сепак пристигнуваат туристи, како секој ден, и Свен мора да донесе одлука...