Најубавата (филм од 1951)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Најубавата“ (италијански: Belissimma) — филм на режисерот Лукино Висконти (Luchino Visconti) од 1951 година. Главните улоги ги играат: Ана Мањани (Anna Magnani), Тина Апичела (Tina Apicella), Валтер Кјари (Walter Chiari), Гастоне Ренцели (Gastone Renzelli) и Алесандро Бласети (Alessandro Blasetti). Во филмот, Висконти дава социјално-психолошка студија на карактерот и на општествените прилики во Италија. Според една приказна, насловот на филмот доаѓа оттаму што Висконти, кога барал девојче кое ќе глуми во друг негов филм, се нашол опкружен од 4 000 мајки кои викале: „Моето е најубаво!“ Висконти го снимил филмот по комерцијалниот неуспех на филмот „Земјата трепери“, кога направил долга пауза во која бил посветен само на театарската режија. За својата улога на мајката која е посветена на тоа на своето дете да му обезбеди филмска улога, Мањани ја освоила наградата „Nastri d'argento“. Исто така, посебен куриозитет е тоа што во филмот се појавува познатиот режисер Бласети кој се глуми себеси.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

На радиото објавуваат конкурс за „најубавото“ типично италијанско девојче на возраст меѓу шест и осум години за потребите на снимањето на еден филм. На конкурсот се пријавуваат речиси сите жители на Рим чии деца одговараат на бараната возраст, а меѓу нив е и Мадалена Чекони (ја игра Мањани) која го пријавува своето девојче Марија (ја игра Апичела). Иако девојчињата мора да покажаат и некаква дарба за глума, а Марија е целосно неталентирана, Мадалена е решена на својата ќерка да ѝ обезбеди филмска улога. Иако се работи за сиромашно семејство, Мадалена ја запишува Марија на курс по балет, на рецитација, ја носи на фризер и порачува да ѝ сошијат нов фустан. Сето тоа води до несогласувања во семејството, зашто таткото не го одобрува таквото непотребно трошење на парите...

Наводи[уреди | уреди извор]