Најстара куќа во Белград

Од Википедија — слободната енциклопедија

Куќата на улицата Цар Душан бр. 10 се градела од 1724 до 1727 година и е најстарата сочувана зграда во Белград, главниот град на Србија. Куќата се наоѓа во населбата Дорќол, во општина Стари Град, а за споменик на културата била прогласена во 1987 година.

Куќата на улица Цар Душан бр.10

Историја[уреди | уреди извор]

Зградата е една од првите завршени градби изградени за време на австриската окупација на Северна Србија 1718-1739 година. Изградбата започнала во 1724 година и била завршена во 1727 година. Ја проектирал швајцарскиот архитект Николас Доксат, кој во тоа време бил полковник во австриската армија. Доксат го смислил планот за регулација на целиот дел на Белград, особено на реконструкцијата на Белградската тврдина. Во 1738 година бил обвинет за предавство и бил погубен под ѕидините на тврдината.

Куќата била изградена и наменета за седларот Елијас Флејшман. Тој бил почитуван човек во заедницата, како и советник во општинскиот совет на Белград. Освен што живеел во неа, тој ја користел и како работилница. По 1740 година, кога Австријците се повлекле и Османлиите ја вратиле контролата над Белград, куќата останала населена и од тогаш се користи како работилница или продавница. Куќата била оштетена за време на опсадата на Белград во 1789 година, кога Австријците повторно го освоиле Белград, но подоцна била поправен. Кон крајот на 19 век зградата била темелно реконструирана, покривот бил сменет и спуштен, додека украсите на фасадата биле променети и прилагодени повеќе на тогашните стилови во архитектурата.

Откако Австрија ја изгубила Австро-турската војна, која траела од 1737–1739 година, северна Србија, вклучувајќи го и Белград, биле вратени на Турците. Во една од одредбите на Белградскиот договор од 1739г година било наведено дека Австрија морала да ги уништи сите утврдувања и цивилни згради што биле изградени за време на таа окупација. Многу барокни згради биле урнати. Меѓутоа, Австрија не ги урнала зградите надвор од ѕидините на тврдината. На тој начин куќата опстојала.

Куќата била втора по ред од вкупно седум идентични куќи во „стандарден ред“, се наоѓала од десната страна на улицата која во тоа време се сметала за „германски дел од градот“. Не биле урнати и две други куќи, се до 1930-тите а од тогаш е останата само куќата број 10.

Се до 1950 година, приземјето било бакалница, додека текстилната работилница „Народни Херој Анѓа Ранковиќ“ се наоѓала во визбата. Именувана по покојната сопруга на Александар Ранковиќ, еден од најмоќните комунистички политичари по 1945 година, продавницата прераснала во „Беко“, порано една од најголемите фабрики за облека во Србија. До средината на 2000-тите, пекара се наоѓала во зградата. Тоа била првата пекара во поранешна Југославија која била отворена 24/7. Во 2008 се отворила нова и многу по модерна пекара-пицерија.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Поглед од другата страна на улицата

Фасадата на зградата е изградена на барокен начин, што Доксат сакал да го примени во целиот германски дел на Белград и е типичен пример за станбено-деловна куќа, вообичаена во областа на Хабсбуршката монархија во регионот на Дунав. Куќата има визба, приземје и горен кат. Нејзината првобитна фасада била поделена со едноставен хоризонтален корниз над приземјето, со странични пиластри на аглите и, веројатно, профилиран покривен корниз. Порталите биле врамени во профилирани камени рамки. Сите седум оригинални куќи биле поврзани преку визби, а преостанатиот подрум се протега под целата зграда. Најниската визба е 4 метри под земја, а нивото на водата на Дунав е околу 5 метри под визбата.

Под земја[уреди | уреди извор]

Приказните за лагумите, подземните ходници кои ја поврзуваат куќата со тврдината кружат доста долго време, а една од наводните причини за погубувањето на Доксат било да се чува во тајност огромниот подземен синџир на ходници.

Приказната повторно била ставена во центарот на вниманието во 1963 година. Г-ѓа Катарина Бастл, долгогодишна станарка на куќата, била интервјуирана за архитектонското списание „Изградња“. Таа тврдела дека во пролетта 1941 година, набргу откако Германија ја окупирала Југославија, група офицери на Вермахт пристигнале во лимузината и влегле во визбата. Во следните недели станарите не смееле да влезат во визбата и постојано се слушало бучава бидејќи Германците без прекин ковале и дупчеле нешто под зградата. Приказната поттикнала многу луѓе, вклучително и спелеолози, да ја истражат визбата, но сè што можеле да најдат е поплавена визба, поделена со ѕидови и полна со густа водена тиња. Ѕидовите биле многу понови од самата куќа. Во 2010 година новинари влегле во визбата. Откриле дека камените скали продолжуваат надолу околу 30 метри, пред длабоката тиња да го спречи понатамошното истраѓување. Дали има коридори подалеку од таа точка и каде водат, се уште не се знае.

Денес[уреди | уреди извор]

Од 2017 година, таа е најстарата зграда на Белград, и единствената станбена куќа од првата четвртина на 18 век. Зачувана е во урбаната структура на Белград надвор од комплексот на Тврдината.

Градската управа спремила извештај во 2010 година, кој би ја спровел адаптација на зградата во музејот, но од 2017 година тоа не се реализирало.

Исто така види[уреди | уреди извор]

  • Кафана Бела мечка, уште постара куќа во општина Земун

Наводи[уреди | уреди извор]

44°49′30″N 20°27′25″E / 44.824932° СГШ; 20.456953° ИГД / 44.824932; 20.456953