Национален парк Разна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Национален парк Разна
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Поглед од ридот Mākoņkalns кон езерото Разна
МестоЛатгале, Латвија
Површина532
Воспоставен(а)2007

Националниот парк Разна (латвиски: Rāznas nacionālais parks) е национален парк во Латгале (Latgale) регионот на Латвија. Паркот е основан во 2007 година и опфаќа површина од 532 km2. Иницијативата за создавање на националниот парк Разна од веќе постоечкиот парк на природата беше предложена од страна на Универзитетот Даугавпилс.

Националниот парк е создаден за да се заштити езерото Разна, второ по големина езеро во Латвија, заедно со околните области. Поради ова, 14% од површината на националниот парк се состои од водена површина. Вредни екосистеми се природните листопадни шуми, со многу ретки видови на растенија, кои се наоѓаат на неколку од 26-те острови во езерото Ежезерс. Од висока вредност се исто така полуприродните пасишта.

Поврзано[уреди | уреди извор]