Народништво

Од Википедија — слободната енциклопедија

Народњаштво е идеолошка доктрина и социо-политички движење на интелектуалци во Руската Империја во втората половина на 19 век и во почетокот на 20 век. Неговите приврзаници развиваат национален модел за некапиталистички општествен развој, што постепено се прилагодува на условите сè повеќе модернизирана економија.

Како систем од идеи народњаштвото е одлика на земји со претежно аграрна економија во периодот на транзиција кон индустријализација (Полска, голем дел од Руската Империја, Украина, Прибалтичките земји, Кавказ). Истражувачите го прифаќаат народњаштвото како еден вид на утописки социјализам, комбиниран со проект за реформи на социо-економската и политичката сфера на општествениот живот и односи [1].

Во народњаштвото движење во Русија се обликуваат четири главни фракции (струи) - конзервативна, либерално-револуционерна, социо-револуционерна и анархистичка.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Von Laue, Theodore H. "The Fate of Capitalism in Russia: The Narodnik Version," American Slavic and Easy European Review,13, no. 1 (1954): 11-28.