Назад во високиот живот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Назад во високиот живот - (англиски: Back in the High Life) - албум на британскиот музичар Стив Винвуд (Steve Winwood) од 1986 година.

Технички информации[уреди | уреди извор]

Албумот е објавен од страна на дискографската куќа „Ајланд рекордс“ (Island Records Ltd.) во 1986 година. Продуценти на албумот се Стив Винвуд и Рас Тајтелман (Russ Titelman), сниматели биле Том Лорд Алџ (Tom Lord Alge) и Џејсон Корсаро (Jason Corsaro), а албумот го миксирал Том Лорд Алџ.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

На албумот се наоѓаат осум песни:[2]
Страна 1:

  • Higher Love (5:45)
  • Take It As It Comes (5:20)
  • Freedom Overspill (5:33)
  • Back in the High Life Again (5:33)


Страна 2:

  • The Finer Things (5:47)
  • Wake Me Up On Judgment Day (5:48)
  • Split Decision (5:58)
  • My Love’s Leavin’ (5:19)

Сите песни на албумот се дело на Стив Винвуд и Вил Џенингс (Will Jennings), освен: „Freedom Overspill“, која ја напишале Винвуд, Џорџ Флеминг (George Fleming) и Џејмс Хукер (James Hooker); „Split Decision“, која е дело на Винвуд и Џо Волш (Joe Walsh); и „My Love’s Leavin’“, напишана од Винвуд и Вивиен Стеншел (Vivian Stanshall)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Steve Winwood, Back in the High Life, Cai 9199, Jugoton.
  2. Steve Winwood, Back in the High Life, Cai 9199, Jugoton.