Мухуру

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мухуру
Видкриптид
Подвид"Жив диносаурус", Езерско чудовиште
Подрачје Кенија
Живеалиштемочуришта и џунгли
Илустрација.
Илустрација на наводен изглед на Мухуру

Мухуру (англиски: Muhuru) е наводно криптид кој наводно живее во џунглите во Кенија. Оваа суштество по изглед е слично со криптидите Мбијелу-Мбијелу-Мбијелу.

Други називи[уреди | уреди извор]

Овој криптид е познат уште како Чудовиште од заливот Мухуру (Muhuru Bay Monster).

Опис на криптидот[уреди | уреди извор]

Опишан е како диносаурус од групата Стегосауриди. Ова суштество е водоземен билкојадец кој се населува во мочуришните подрачја. Со големина е на возрасен африкански слон. Се наведува дека ова суштество не е агресивно. Кожата му е со темносива боја. Низ грбот има дебели коскени плочи, на врвот на опашката коскен боздоган (како кај диносаурусите од групата Анкилосауриди), а според некои наводи на грбот има оклоп.

Хронологија на средби со оваа суштество и видувања[уреди | уреди извор]

  • Во 1963 година мисионерот Карл Бомбај и неговата жена се први сведоци кои го виделе Мухуру.[1] Наводно, додека патувале со автомобилот, ова суштество им го попречило патот додека лежело на него. Оваа суштество било долго 2,74 до 3,66 метари.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Drinnon, Dale. „Muhuru, Mbielu-Mbielu-Mbielu and the Megacrocs of East Africa“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]