Мултимедија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Мултимедија е начин на прикажување на одредена содржина со истовремено користење на текстови, звуци, видео клипови и музика. Содржините прикажани мултимедијално најдобро и најинтересно може да бидат пренесени и разбрани од луѓето за кои се наменети. Мултимедијалните компјутерски програми имаат содржина која е комбинација од текстови, слики, фотографии, звуци, анимации, видео клипови и линкови. Линкови се врски кои овозможуваат со едноставно кликање на нив корисникот да се "шета" низ содржините на мултимедијалната програма. Мултимедијални програми се на пример: образовниот софтвер, компјуерски игри, веб сајтовите, компјутерските симулации, енциклопедиите, програмите за презентација итн.

Терминологија[уреди | уреди извор]

Терминот мултимедија е првпат употребен од пеачот и уметник Боб Голдстеин на промоција на неговото шоу во Саутхемптон, Лонг Ајленд, во јули 1966 година. Најверојатно Голдстеин знаел дека американскиот уметник Дик Хигинс две години предходно го употребил терминот „интермедија“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Matthew Zuras (June 3, 2010), Tech Art History, Part, Switched