Мултивитамин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мултивитамините содржат повеќе микронутриенти, како што се витамини и диететски минерали .

Мултивитамин е додаток во исхраната со витамини, диететски минерали и други нутритивни елементи. Ваквите препарати се достапни во облик на таблети, капсули, пасти, прашоци, течности и парентерални препарати. Со исклучок на парентералните препарати, кои се достапни само под медицински надзор, мултивитамините се признаени како категорија на храна од страна на Комисијата Codex Alimentarius (Тело за стандарди за храна на Обединетите нации).[1]

Мултивитаминските додатоци често се достапни во комбинација со диететски минерали. Мултивитаминските/минералните додатоци се дефинираат како додатоци со три или повеќе витамини и минерали, кои не содржат додатоци од растително потекло, хормони или лекови, во кои секој витамин и минерал е присутен во доза под толерантното горно ниво и не претставува ризик по здравјето. Термините мултивитамини и мултиминерали честопати се синоними.[2]

Постојат докази кои сугерираат дека кај здравите луѓе, мултивитаминските додатоци не спречуваат појава на канцерогени заболувања, срцеви заболувања или други болести. Сепак, постојат одредени групи на луѓе на кои мултивитаминските додатоци им помагаат (на пример, на луѓе со лоша исхрана или на луѓе со висок ризик од макуларна дегенерација).[3][4] Според тврдењето на Харвардската школа за јавно здравје: „Гледајќи ги сите статистики, потенцијалните здравствени придобивки од користењето на стандардна дневна доза на мултивитамини ги надминуваат потенцијалните ризици за повеќето луѓе.“[5]

Врз основа на десетгодишната двојно слепа студија од 2012 година во која учествувале околу 15.000 луѓе, заклучено е дека луѓето кои секојдневно користеле мултивитамини, имаат 8% помала веројатност да развијат карцином во споредба со луѓето кои користеле плацебо.[6][7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Codex Guidelines for Vitamin and Mineral Food Supplements Accessed 27 December 2007
  2. -{Multivitamin and multimineral dietary supplements: definitions, characterization, bioavailability, and drug interactions1 Accessed 27 Nov 2012}-
  3. Huang HY; Caballero B; Chang S; и др. (2006). „Multivitamin/mineral supplements and prevention of chronic disease“ (PDF). Evid Rep Technol Assess (Full Rep) (139): 1–117. PMID 17764205. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 септември 2008. Посетено на 27 ноември 2012. Напосредна употреба на al. во: |last4= (help)
  4. „Dietary Supplement Fact Sheet: Multivitamin/mineral Supplements“. Office of Dietary Supplements, National Institutes of Health. Посетено на 2 март 2012.
  5. [1]
  6. Rabin, Roni Caryn (17 октомври 2012). „Daily Multivitamin May Reduce Cancer Risk, Clinical Trial Finds“. New York Times. Посетено на 17 октомври 2012.
  7. Gaziano, J. Michael; Sesso, Howard D.; Christen, William G.; Bubes, Vadim; Smith, Joanne P.; MacFadyen, Jean; Schvartz, Miriam; Manson, JoAnn E.; Glynn, Robert J. (17 октомври 2012). „Multivitamins in the Prevention of Cancer in Men - The Physicians' Health Study II Randomized Controlled Trial“. JAMA. doi:10.1001/jama.2012.14641. Посетено на 17 октомври 2012.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]