Музеј на македонската борба (Костур)
Изглед
41°31′0.84″N 21°16′18.84″E / 41.5169000° СГШ; 21.2719000° ИГД
За други значења на поимот, погл. Музеј на македонската борба (појаснување).
Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα | |
Куќата на Анастасиос Пихеон | |
Основан | 23 мај 2010 |
---|---|
Место | Костур, Егејска Македонија, Грција |
Директор | Хрисостомос Папаставрос |
Музеј на македонската борба (грчки: Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα) — музеј во Костур, Егејска Македонија. Посветен е на грчката вооружена пропаганда во Македонија, наречена „Борба за Македонија“ и припојувањето на Егејска Македонија кон територијата на Грција по крајот на Балканските војни.
Музејот е отворен на 23 мај 2010 година и се наоѓа во куќата на револуционерот Анастасиос Пихеон, изградена во XIX век на централниот плоштад во маалото Долца и е прогласена од Министерството за култура и туризам на Грција како споменик со голема историска вредност.[1] Музејот е под раководство на организацијата „Пријатели на Музејот на македонската борба“.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ιστοσ. Υπουργείου Πολιτισμού, Αποκατάσταση αρχοντικού Πηχεώνος και μετατροπή του σε Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα Архивирано на 12 декември 2013 г.
- ↑ Ιστοσ. Ράδιο Άργος, Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα Καστοριάς Архивирано на 12 декември 2011 г.