Модел на поврзани синџири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Моделот на поврзани синџири или Клиновиот модел на иновации беше воведен од страна на машинскиот инженер Стивен K. Клин во 1985 година [1] а подоцна беше разработен од страна на Клин и економистот Нејтан Розенберг во 1986 година [2] Моделот на поврзани синџири е обид да се опишат комплексностите во самиот процес на иновации. Моделот се смета за еден од најзначаен придонеси од страна на Стивен K.Клин.[3]

Опис[уреди | уреди извор]

Во моделот на поврзани синџири, новото знаење не е единствен двигател за иновации. Наместо тоа, процесот започнува со идентификување на не исполнетите потреби на пазарот. Ова го поттикнува истражувањето и дизајнот, потоа следува редизајн и производство, и на крај маркетинготот, со постоење на комплексни алки на повратни информации помеѓу сите фази.

Моделот на поврзани синџири честопати се спротивставува на таканаречениот линеарен модел на иновација[4] каде што основните истражувања доведуваат до применет развој, инженерство и производство и на крај маркетинг и дистрибуција.

Апликација[уреди | уреди извор]

Моделот на поврзани синџири беше замислен за употреба првенствено во комерцијалната индустрија, но најде широка применливост и во други сектори, на пример, во развојот на воената технологија.[5] Варијациите и проширувањата на моделот се опишани од страна на голем број на истражувачи.[6] [7] [8]

Поврзани содржини[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Kline (1985). Research, Invention, Innovation and Production: Models and Reality, Report INN-1, March 1985, Mechanical Engineering Department, Stanford University.
  2. Kline, S.J. & N. Rosenberg (1986). “An overview of innovation.” In R. Landau & N. Rosenberg (eds.), The Positive Sum Strategy: Harnessing Technology for Economic Growth. Washington, D.C.: National Academy Press, pp. 275–305.
  3. Salisbury, David F., "Memorial for Stephen Kline; engineer, interdisciplinary thinker," news release, Stanford University, October 27, 1997.
  4. Caraça, João, Bengt-Åke Lundvall, and Sandro Mendonça (2009). “The changing role of science in the innovation process: From Queen to Cinderella?” Technological Forecasting & Social Change 76, 861–867.
  5. Marius Vassiliou, Stan Davis, and Jonathan Agre (2011). Innovation Patterns in Some Successful C2 Technologies." Proc. 16th International Command and Control Research and Technology Symposium, Quebec, Canada.
  6. Kameoka, A., D. Ito, and K. Kobayashi (2001). “A Cross-Generation Framework for Deriving Next-Generation Innovation Model.” Change Management and the New Industrial Revolution, IEMC ‘01 Proceedings, Albany, NY.
  7. Micaëlli, J., Forest, J., Coatanéa, É. & Medyna, G. (2014). How to improve Kline and Rosenberg's chain-linked model of innovation: building blocks and diagram-based languages. Journal of Innovation Economics & Management, 15,(3), 59-77. doi:10.3917/jie.015.0059.
  8. Corning, Peter. Review of Conceptual Foundations for Multidisciplinary Thinking by Stephen Jay Kline, Institute for the Study of Complex Systems, June 2, 2015.