Мисли (Паскал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мисли  
Pascal - Pensées, édition de Port-Royal, 1670.djvu
Второ издание од 1670 година
АвторБлез Паскал
Наслов на
оригиналот
Les Pensées
ПреведувачБлагоја Велковски-Краш
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
Жанр(ови)Филозофски есеј
ИздавачКултура
Издадена1996
Страници458

Мисли (француски: Les Pensées) — збирка на фрагменти од Блез Паскал, составена после неговата смрт. Ова дело е пред сѐ апологија, односно одбрана на христијанството од скептиците и слободните мислители.

Паскал се обидува да покаже дека човекот, поради гордоста и сладострастието, единствен начин да постигне внатрешен мир и вистинска среќа е преку Бог. Според него, расипаниот однос помеѓу човекот и Бог го причинува чувството на постојано незадоволство, кое го води човекот да посакува да заборави, преку „разонода“ и забава, дека е смртен и дека има непресушна потреба од божја милост. Паскал вели дека човекот е истовремено кутар и велик, ништо и сѐ, ограничен но устремен кон бесконечноста. Способноста да мисли, копнежот по бесконечното и незапирливата потрага по среќа се траги на Бог врежани во духот на човекот, создаден за да го запознае и љуби Бог.

Повеќе преведувачи и филозофи се обиделе да го реконструираат целото дело врз основа на достапните фрагменти. Во секој случај сите фрагменти се водени од длабока религиозност, но истовремено во себе носат оригинална филозофска мисла, па оттаму се релевантни и денес. Со зборовите на македонскиот филозоф, Ана Димишковска, автор на поговор на изданието на македонски:

Сепак, дури и луѓето чие религиозно искуство и воопшто, животен свет, е сосем различен од Паскаловиот, го споделуваат фундаменталниот човечки хоризнот кој тој толку страсно и драматично го открива. Ако е некаква утеха: животната празнина сите подеднакво нѐ ужаснува, иако се различни начините на кои се обидуваме да ја совладаме, како што се, можеби, различни и небата на кои секој од нас, низ ретките проблесоци, со исконска радост се сеќава.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Паскал. Мисли. Скопје: Култура, 1996. прев. Благоја Велковски-Краш. поговор: Ана Димишковска.