Мирче Калајџиески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мирче Јовев Калајџиески (1920 во Врбјани, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Мирче Јовев Калајџиески е роден во селото Врбјани. Се занимавал со земјоделство. Кон борбата за слобода на Македонија се приклучил во 1942 година, а член на СКОЈ е од 1943 година. Се приклучува кон баталјонот Мирче Ацев на 5 август 1943 година. Загинува во борбите против балистите кај селото Кленоец на 6 октомври 1943 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)