Прејди на содржината

Министерство за земјоделство и шумарство (Турција)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Министерство за земјоделство и шумарство
'Tarım ve Orman Bakanlığı'
Податоци за органот
Основан 1924; пред 100 години (1924)
Претходник Министерство за храна, земјоделство и сточарство

Министерство за шумарство и водостопанство

Надлежност Влада на Турција
Седиште Анкара
Надлежен министер Ибрахим Јумакли [1]
Мрежно место
tarimorman.gov.tr


Министерство за земјоделство и шумарство (турски: Tarım ve Orman Bakanlığı) — владино министерство на Република Турција, одговорно за земјоделство и шумарство. Пошумувањето е важно за борба против климатските промени во Турција.[2][3][4][5]

Историја

[уреди | уреди извор]

На 6 март 1924 година било формирано Министерството за земјоделство. На 11 август 1969 година било формирано Министерството за шумарство. На 26 јануари 1974 година, Министерството за земјоделство било преименувано во Министерство за храна, земјоделство и сточарство. На 21 септември 1980 година двете министерства биле споени и станале Министерство за земјоделство и шумарство. На 14 декември 1983 година, Министерството било споено со Министерството за рурални работи и задруги и станало Министерство за земјоделство, шумарство и рурални работи. На 8 мај 2003 година, Министерството за шумарство било споено со Министерството за животна средина и станало Министерство за животна средина и шумарство. На 6 јули 2011 година, Министерството за земјоделство и рурални работи било преименувано во Министерство за храна, земјоделство и сточарство, додека Министерството за животна средина и шумарство било преименувано во Министерство за шумарство и водостопанство. На 10 јули 2018 година двете министерства биле споени и повторно било формирано Министерството за земјоделство и шумарство.

  1. „Yeni Kabine listesi açıklandı, bakanlar belli oldu! İşte yeni Bakanlar Kurulu isim listesi“. Habertürk (Turkish). 4 June 2023. Посетено на 4 June 2023.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. Habertürk. „YENİ KABİNE LİSTESİ 2023: Yeni kabine üyeleri kimler, hangi bakanlar var? İşte yeni Bakanların isimleri“. Habertürk (турски). Посетено на 2024-01-25.
  3. „Кабинетот на претседателот на Турција“ (PDF).
  4. „Глобална проценка на шумските ресурси“ (PDF).
  5. „Турција“ (PDF).