Милонга (танц)
Танцот Милонга е танц на музика на милонга.
Техника
[уреди | уреди извор]Танцот Милонга ги вклучува истите основни елементи како аргентинското танго, но овозможува поголема релаксација на нозете и телото. Движењето е побрзо, а паузите се поретки. Тоа е обично еден вид ритмичко одење без комплицирани фигури, со похумористичен и рустикален стил во контраст со сериозното и драматично танго.
Постојат различни стилови на милонга: милонга лиза (едноставна милонга), и milonga con traspié. Ритамот на милонга музиката е синкопиран. Се состои од 8 такта со акцентите на првиот, но понекогаш може да биде и на вториот, дополнително акцентите се присутни на четвртиот, петтиот и седмиот. [1] Така, динамиката може да се танцува без да се трча брзо или без да се користи многу простор. Генерално, милонгата се танцува со побрзо темпо од тангото, што го прави овој танц „непростлив“ за грешки или несмасност.
Во книгата објавена во 1883 година, Вентура Линч ја забележал популарноста на милонгата.„ Милонгата е толку универзална во околината на градот што е задолжително парче на сите игранки од пониските класи (bailecitos de medio pelo), а сега се слуша на гитари, на чешли за хартија и од патувачките музичари со нивните флејти, харфи и виолини. Го изведуваат и на вергл, латерна, (механички музички инструмент) така што звучи како танцот хабанера. Се игра и во неугледните клубови околу... [главни] пазари, а исто така и на игранките и помените на возачите на колички, војниците и другарите и сонародниците. [2]
Историја
[уреди | уреди извор]Потекло
[уреди | уреди извор]Починатиот Роберт Фарис Томпсон (професор по историја на уметност на Универзитетот Јеил, специјалист за Африка и афро-атлантскиот свет и автор на Танго: Историја на уметноста на љубовта ) пишуваl опширно за африканските корени на тангото.
Тангото започна со црнците, а милонгата, танцот што му претходеше, уште повеќе.
Милонга е „чисто африкански збор што значи „караница“ или „проблем“ на Кимбунду и „линии на танчери“ во Ки-Конго. (стр9). Европејците првпат станаа свесни за милонгата, терминот првично се однесува на импровизирана, борбена песна, околу 1630 година. - милонга - да ги убеди локалното население да и се придружи. Црната кралица, исто така, упатуваше лесно прикриени предизвици до португалските власти. И овие подбивања беа милонга. Така, во седумнаесеттиот век Ангола терминот значел „зборови, говор или караница“. Но, исто така може да се однесува и на поттикнување луѓе, разговор со авторитет и вербален бунт.[3]
Милонга главно ја танцувале пониските класи на општеството во Буенос Аирес во 1870-1900 година. Милонга често се танцувала во установи чии клиенти биле од африканско потекло и морнари. Заедно со танците на милонга, како што е хабанера, биле поврзани со проституција. Оваа асоцијација била толку истакната што за танцување во установи или сали за играње потребна била дозвола од градот. Тоа било затоа што претставниците на Буенос Аирес верувале дека танците ќе доведат до проституција.[4]
Проширување во Европа
[уреди | уреди извор]На почетокот на дваесеттиот век, вообичаено било богатите аргентински семејства да ги испраќаат своите синови во Европа за да одат на Голема турнеја кога ќе пораснат. Многу од младите оделе во Париз каде што комуницирале со париското високо општество и присуствувале на игранки во клубовите за вечера. Таму тие ги демонстрирале различните форми на танго, вклучувајќи ја и милонгата. Честопати, бидејќи немале партнерки со себе кога оделе во странство, мажите танцувале заедно. Еден од нив би бил водач, а другиот би танцувал следејќи. [5]
Според многу извештаи, многу од домаќините на младите аргентински мажи сметале дека новите стилови на танго и милонга се многу ризични и интригантни. Дополнително, многу парижанки биле привлечени од младите богати латински мажи кои им го покажувале овие танци. Како резултат на тоа танцот добил голем број следбеници во Париз, а подоцна и во другите поголеми градови во Европа. Многу од поконзервативните членови на европската висока класа сметале дека танците се премногу сексуализирани, но тоа само ја зголемило привлечноста на танцот за помладите луѓе од средната и високата класа.[5]
Во 1910 година, милонгата и тангото стигнале до Англија. Многу од англиските туристи кои летувале во Франција биле фасцинирани од танцот и потоа го вратиле дома со себе во Англија. Истата година, англиското танцувачко списание Dancing Times вклучило слики од луѓе кои танцуваат танго и милонга, што само помогнало за понатамошно ширење на овие танци. За неколку години танго и милонга се танцувале нашироко во Германија, Русија и Италија. Цар Николај II наредил демонстрација на танцот од двајца негови внуци и се чини дека танцот му се допаднал и го сметал за елегантен. Меѓутоа, некои европски благородници, како германскиот кајзер Вилхелм II, сметале дека танцот е развратен, па дури отишле дотаму што им забраниле на воените офицери и германското благородништво да танцуваат, па дури и да бидат на настани каде што се играл овој танц. Сепак, ова не го спречило брзото ширење на тангото и милонгата во Германија. Многу од германските офицери ги прекршиле правилата и учествувале во „порочниот танц“ и покрај наредбите против него.[5]
Ширење во САД
[уреди | уреди извор]Во зимата 1913-1914 година, тангото и милонгата ги зафатиле САД. Некои весници, како што е весникот во Форт Вејн, Индијана, дури и го нарекле „Танго лудост“ додека дискутирале за тоа како полицијата не дозволува танго или „танци како танго да се танцуваат во јавност“. Тангото станало толку популарно што некои градови како Атлантик Сити и Рено почнале да се обидуваат и да профитираат од него преку туризмот. Во Атлантик Сити, градските власти преправиле тролејбус во „Танго Тролејбус“ каде што подот бил претворен во подиум за танцување и патувал низ градот. Дополнително, во Атлантик Сити, посетителите на плажа би танцувале танго и милонга на шеталиштата покрај плажа. Друго место во САД што се приклучило на новото лудило било Чикаго, каде што некои луѓе ги претворија вагоните со воз во подиуми за танцување, така што луѓето кои патуваа од Чикаго до Марди Грас можеле да танцуваат за време на целото патување а не да чекаат додека да пристигнат.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Seyler, Elizabeth M. (2008-03-12). "Revealing the African Roots of Argentine Tango". Dance Chronicle. 31 (1): 104–112. doi:10.1080/01472520701860698. ISSN 0147-2526
- ↑ Simon Collier, Tango!: The Dance, the Song, the Story (New York: Thames and Hudson, 1995), p. 44-45, citing Ventura Lynch, La provinciade Buenos Aires hasta la definicion de la cuestion Capital de la Republica, page 16.
- ↑ Предлошка:Наведете книга
- ↑ Jakubs, Deborah L. (1984-06).
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Knowles, M. (2009).