Милка Зафирова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Милка Зафирова (Дебар, 11 ноември 1939) е македонски градежен инженер и професор на Градежниот факултет во Скопје[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Зафирова е родена во Дебар на 11 ноември 1939 година. Работела на изградбата на пругата ГостиварКичево и на скопскиот железнички јазол, а во склоп на апликативната работа на Факултетот учествувала во реализацијата на повеќе сообраќајни и хидротехнички тунели. Таа е редовен професор на Градежниот факултет во Скопје по предметите Тунели, Долен строј на сообраќајници и железнички станици.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Редовен професор Милка Зафирова“ (македонски). Градежен факултет - Скопје. конс. 2009-11-27.